Ниеден шпански селектор немал ваквa очајна серија како Енрике во последниве 20 години

Шпанија синоќа одигра само 1:1 на гостувањето кај Швајцарија, во меч од Лигата на нации. Црвената фурија се спаси од пораз со гол во 89 минута, но сепак гостите може да жалат што не освоија три бода.

Во корист на Шпанија беа досудени два пенали, но капитенот Серхио Рамос промашуваше два пати во период од 23 минути. Голманот на Швајцарија Јан Зомер ги прочита двата шута и одбрани во двете ситуации. Пред овие две промашувања, Рамос имаше неверојатна низа од 25 погодени пенали по ред. Двата промашени удари од белата точка на Рамос може да ги видите ТУКА.

За прв пат во 21 век, Шпанија спои три меча без да победи, па тоа го прави селекторот Луис Енрике со еден неславен рекорд. Шпанија последен пат победи токму против Швајцарија и тоа минимално со 1:0, а потоа следуваше пораз од Украина (1:0), реми со Холандија (1:1) и сега повторно нерешено со Швајцарија (1:1).

Следниот меч Шпанија ќе го игра задутре на свој терен против Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести