Ни играње пред празни трибини не е гаранција: Цел тим оди на тест за Коронавирусот

Дуелот меѓу Арда и Лудогорец во рамките од 23. коло во бугарското првенство е одложен, а причина секако е стравот од Коронавирусот. Во Бугарија засега нема некоја поголема паника за присуство на смртоносниот вирус, но сите фудбалери на Лудогорец ќе одат на тестирање.

Причина поради која играчите на Лудогорец ќе одат на тест за Коронавирусот е нивното гостување во Милано. Бугарскиот тим играше против Интер во нокаут фазата од Лигата на Европа и беше елиминиран. Средбата на „Џузепе Меаца“ се играше без публика поради страв од опасниот вирус, но и покрај тоа, Бугарите решија да направат тестирање на сите оние кои патуваа во Италија.

Поради тестот кој треба да биде спроведен викендов, Лудогорец нема да гостува кај Арда, а дуелот е презакажан за 18 март.

- Оглас -

Најнови вести