13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Ни Македонија не можеше против непоразените Португалци

Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 19 години својот пат на Светското првенство во Скопје го заврши во осминафиналето. Избраниците на селекторот Данило Брестовац загубија од Португалија со 25-29, откако потклекнаа во завршните пет минути од дуелот во „Борис Трајковски“.

Португалците во четврт-финалето ќе играат со Франција. Мартин Серафимов со 9 гола и Михајло Младеновиќ со 7 беа најефикасни поединци во македонскиот национален тим вечерва. Сега за нашите таленти следува разигрување за 9-16 место, прв ривал е Аргентина, со која бевме во иста група.

- Оглас -

Најнови вести