Портсмут и Оксфорд одиграа 1-1 во првиот нивен двобој од плејофот за влез во англискиот Чемпионшип. Реваншот се игра в понеделник во градот познат по славниот Универзитет, а правилата се такви што ако биде 0-0, 2-2 или било кој друг нерешен резултат, ќе се играат продолженија, а потоа ако треба и пенали за да се одлучи патникот за „Вембли“.
Головите паднаа во првото полувреме. Во другото полуфинале играат Флитвуд и Вајкомб.
Средбата во Портсмут се играше без публика, и тоа е огромен хендикеп за тимот кој ги има едни од најдобрите навивачи во Англија. Портсмут имаше „поддршка“ само од картонски ликови на трибините, меѓу нив беше и популарниот главен лик од англиската хумористична серија и филм, Мистер Бин.