Ни пеналот во 99-тата минута не го спаси Ривер (Видео)

Ривер плејт ќе има многу тешка задача да го одбрани тронот во клупскиот фудбал во Јужна Америка. Аргентинскиот гигант утрово на свој терен играше против бразилски Крузеиро, но не успеа да се израдува на погодок, па мечот заврши 0:0. Тоа значи дека Ривер во реваншот во Бразил ќе патува без никаква предност.

Континенталниот првак беше многу подобар тим во сите 90 минути, но Бразилците одлично се бранеа. На почетокот на вториот дел Крузеиро дури даде и гол, но по проверка со ВАР-системот, беше утврдено дека имало офсајд. На крајот, судијата даде 6 минути продолжение, а токму во 96-тата минута се случи да биде досуден пенал за Ривер.

По една мешаница во шеснаесетникот, еден од гостинските играчи го потегна за дрес фудбалерот на Ривер, а судијата по консултација со ВАР-системот, досуди пенал, кој беше изведен во 99-тата минута. Иако сите очекуваа победа и минимална предност за Ривер, ударот на Матијас Суарес заврши над голот.

Во останатите мечеви кои се играа во Либертадорес купот: Годој Крус – Палмеирас 2:2, ЛДУ Кито – Олимпија Асунсион 3:1.  Вечерва се играат уште пет меча од осминафиналето во Либертадорес купот, а комплетната понуда може да ја погледнете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести