(Видео) Ни ВАР не е семоќен – Оштетена ли е Црвена ѕвезда во Берн?

Холанѓанецот Дани Макели досуди пенал за Јанг бојс во 76-тата минута, дури откако го прегледа со помош на ВАР-системот спорниот момент при дуелот во шеснаесетникот на Црвена ѕвезда.

Ричмонд Боачи стартуваше, а Нгомо Нгамелу падна во забранетиот простор на гостите, па спорниот момент донесе многу нервоза во двата табора. Судијата го разреши со помош на модерната технологија.

Макели се одлучи за пенал, но дека ВАР не е семоќен покажуваат различните агли на спорниот момент. Дали Црвена ѕвезда е оштетена или пеналот беше правилно досуден, сега веќе и не менува ништо. Жилјом Оро беше прецизен и израмни на 2:2, па со тој резултат ќе почне реваншот во Белград на 27-ми август од 21 часот.

Спорниот момент од 76-тата минута погледнете го ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести