И Жолтата подморница не може на вакво невреме – Вилјареал и Макаби нема да играат вечерва (Видео)

Големо невреме го спречи одигрувањето на дуелот меѓу Вилјареал и Макаби Тел Авив, закажан за вечерва од 21 часот во рамките на третото коло во Лигата на Европа.

Силен дожд и буквално го потопи теренот на стадионот „Дела Серамика“, домот на Вилјареал, кој требаше да му биде домаќин на израелскиот тим.

Домаќините се обидоа да создадат услови за игра, не се откажуваат, со одредено пролонгирање мечот сепак да се игра, но шансите се минимални и мечот речиси сигурно ќе биде одложен.

- Оглас -

Најнови вести