Ни Златната копачка не можеше со Столе, Димитриевски е како криптонит за Супер-Барса

Македонскиот голман Столе Димитриевски, синоќа испиша историја, со тоа што успеа на три меча по ред, од кои два на „Камп ноу“ да не прими гол против Барселона.

Во 21-ви век, само Димитриевски и Јан Облак од Атлетико успеале на три лигашки средби да останат несовладани од напаѓачите на Барселона, а 50 години поминаа откако некој остана со „сува мрежа“ на две лигашки гостувања по ред против каталонскиот клуб.

Летово Барселона е во центарот на вниманието поради бројните засилувања и парите кои ги потроши, иако веќе имаа силен напад со Обамејанг, Депај, Ансу Фати, Дембеле, Феран Торес, летово на нив им ги придодадоа и Рафиња и Левандовски, кој минатата сезона беше Златна копачка во Европа, но сето тоа е џабе против Рајо Валјекано, кој на голот го има Димитриевски.

Столе на првиот од трите меча на кои не прими гол против Барса му одбрани пенал на Мемфис Депај, и има голема заслуга што Рајо не може да прими гол од супер-нападот на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести