Ник Кирјос нема гајле, среде прес-конференција испи пиво на екс (Видео)

Колку и да е добар тенисер, Ник Кирјос на луѓето им е поинтересен поради контроверзното однесување, претежно надвор од теренот. Овојпат Австралиецот со грчко потекло ги шокираше новинарите кога пред нив, на прес-конференција за време на Лејвер купот во Женева, „на екс“ испи цело шише пиво.

Додека еден новинар поставуваше прашање до тимот на светот кој загуби од тимот на Европа, Кирјос прв го испи шишето со пиво од врвот до дното во еден потег, а потоа почна да одговара како ништо да не било.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести