Никој како Леброн, заврши „жешката“ серија на Харден

Хјустон рокитс славеа на домашен терен против Атланта хокс со 119:110 остварувајќи ја 35-тата победа сезонава. Домаќините разбирливо беа предводени од Џејмс Харден, кому му заврши серијата со 30+ поени по 32 последователни натрепревари, а оваа средба ја заврши со 28 поени, пет скока и четири асистенции.

Харден имаше помош од Крис Пол, кој реализираше 20 поени и осум асистенции, а одличен придонес имаше и Фарид со 13 поени и 10 скока. Кај поразените најрасположен беше новакот Треј Јанг со 36 поени и осум асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=dvPpSNYsqPw

 

ЛА лејкерс претрпеа ново разочарување во обидот да стигнат до место кое води во прејолофт, а на тло од Мемфис загубија со 110:105. Тоа беше четврти пораз на „езерџиите“ во последните пет меча, односно втор во низа, а не помогна ниту трипл-дабл учинокот на Леброн Џејмс.

„Кралот“ заврши со 24 поени, 12 скока и 11 асистенции, a воедно испиша историја како единствен кошаркар кој се најде во топ 10 листите за најдобри поентери и асистенти во НБА-лигата. Џејмс сега е 10-ти најдобар асистент со 8.525 асистенции, додека со вкупно 32.138 поени е петти најдобар поентер во историјата. Исто така, се искачи на петтата позиција со 78 трипл-дабл учиноци во кариерата.

Конли ги предводеше Мемфис со 30 поени, Валанчиунас заврши со двоен учинок од 20 поени и 13 скока, додека најефикасен кај Лејкерс беше Инграм со 32 поени.

Голден стејт убедливо го совлада тимот на Шарлот хорнетс со 121:110, меч во кој цела петорка на шампионот реализираше двоцифрен број поени. Најмногу постигна Томпсон, 26, Казинс заврши со дабл-дабл од 24 поени и 13 скока, Дурант застана на 20 поени, скромни беа 16-те на Кари, додека Грин флертуваше со трипл-дабл учинок, а реализираше 14 поени, 10 асистенции и осум скока.

На Шарлот не му помогна ниту расположеното издание на Зелер (28 поени), ниту 23-те поени на Вокер.

 

ЛА клиперс пред своја публика беа посупешни од Далас маверикс предводени од Лука Дончиќ со 121:112. Клиперси го оддалечуваат Далас од борбата за плејоф нанесувајќи им го петтиот последователен пораз, а не помогна ниту трипл-дабл учинокот на словенечката сензација.

Дончиќ заврши со 28 поени, 10 скока и 10 асистенции, расположени беа Повел (24 поени) и Хардавеј (20 поени), меѓутоа и тоа не беше доволно за да се прекине лошата серија на екипата од Тексас. Кај домаќините најрасположен беше Харел со 32 поена, додека Лу Вилијамс заврши со дабл-дабл од 21 поен и 10 скока.

https://www.youtube.com/watch?v=YxMsa_ZfMF8

Резултати НБА:

Шарлот хорнетс – Голден стејт вориорс 110:121

Кливленд кавалирс  – Портланд трејлблејзерс 110:123

Детроит пистонс – Индијана пејсерс 113:109

Бруклин нетс – Сан Антонио спарс 101:85

Мајами хит – Феникс санс 121:124

Чикаго булс – Милвоки бакс 106:117

Хјустон рокитс – Атланта хокс 119:111

Мемфис гризлис – ЛА лејкерс 110:105

Минесота тимберулвс – Сакраменто кингс 112:105

Њу Орлеанс пеликанс – Филафелфија севентисиксерс 110:111

ЛА клиперс – Далас маверикс 121:112

- Оглас -

Најнови вести