Никој како Варди: Ги одигра сите рунди и го освои ФА купот

Како филмска бајка е патешествието на Џејми Варди од аматерските лиги во Англија па сè до самиот врв во Премиер лигата. Оваа бајка се продолжи со освојување на ФА купот, што беше прво остварување за Лестер во клупската историја, а исто така и за Варди прв трофеј во најстарото фудбалско натпреварување во светот.

Во него, искусниот напаѓач на Лисиците е единтвен со еден неверојатен подвиг. Имено, Варди има барем по еден настап во сите 14 рунди, шесте квалификациски и осумте главни рунди во кои се приклучуваат премиерлигашите.

Додека беше во аматерските лиги, поточно како член на Халифакс и Флитвуд, Варди играше во сите квалификации, а со Лестер стигна до самиот крај на натпреварувањето кога во саботата против Челзи славеше победа во финалето и го дофати пехарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести