Се изначекаа за пенал како никој, мораа да ја истрпат и ВАР-процедурата (Видео)

Гилфи Сигурдсон сигурно го реализира пеналот за Евертон против Лестер во 16-тата минута, со што е прекинат најдолгиот пост на екипа без пенал во Премиер лигата.

Популарните Карамели се изначекаа дури 38 натпревари за да добијат можност да шутираат од 11 метри, а интересно е што и на дуелот против Лестер мораа да почекаат уште неколку минути за конечно да биде досуден пенал за нив.

Ндиди играше со рака, но моментот од 16-тата минута беше спорен, па имаше консултации со ВАР-системот и конечно судијата Коти покажа на белата точка.

Сигурдсон го надмудри Шмајхел, а Евертон веќе води со 2:0 во мини-дербито од 32. коло во најсилната англиска лига.

Моментот од 16-тата минута погледнете го ОВДЕ.

Претходно во 10-тата минута Ришарлисон беше прецизен и го постигна првиот гол на мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести