Никој не е како Нејмар и Бејл – повеќе се повредени, отколку што играат

Нејмар и Герет Бејл се апсолутни рекордери по бројот на паузи поради повреди во изминативе шест години. Двајцата фудбалери во 2013 година пристигнаа во шпанското првенство. Бејл уште е дел од Реал Мадрид, а Нејмар во 2017 година направи трансфер во ПСЖ, но и таму продолжија проблемите со повреди.

Од доаѓањето во Европа, Бразилецот поради повреди поминал 435 денови надвор од фудбалскиот терен. Нејмар имал вкупно 19 различни повреди, што само потврдува дека е „стаклена“ ѕвезда.

Веднаш зад Нејмар е Бејл. Велшанецот паузирал 410 денови, а имал четири повреди повеќе од Бразилецот, односно вкупно 23 пати морал да отсуствува поради повреда.

 

- Оглас -

Најнови вести