Никој никогаш не го газел ривалот како Новак против Шарди

Со сигурната победа над Жереми Шарди во второто коло на Мастерсот во Шангај, Новак Ѓоковиќ постави еден личен рекорд. Српскиот тенисер има серија од 28 освоени сетови по ред во меѓусебните дуели со Французинот Шарди.

Овие двајца, првиот меѓусебен дуел го имаа на Отвореното првенство на Австралија во 2009 година и еве девет години Шарди не може да му земе ниту сет на Ноле.

Ѓоковиќ денеска триумфираше со 6-3, 7-5, на теренот помина малку повеќе од 80 минути и го оствари 12-тиот триумф во 12 пресметки со Шарди. Но, интересно е што Ноле не губи ниту сетови против овој ривал, па сега има низа од 28 освоени сетови по ред, што е најмногу за некој тенисер против кој било противник во историјата на „белиот спорт“.

Од 2010 наваму, Ѓоковиќ имал 65 меча и само два порази против француските тенисери на АТП-турнирите. Во наредната рунда во Шангај, Ѓоковиќ ќе игра со Марко Чекинато или Хјaн Чaнг.

- Оглас -

Најнови вести