Никој веќе нема дилеми за МВП – Џокер од Денвер со нов трипл-дабл го престигна легендарниот Чембрлен (Фото)

Никола Јокиќ повторно одигра брилијантна партија баскет и по 52. пат во кариерата забележа трипл-дабл, со 26 поени, 14 асистенции и 13 скока во победата на Денвер нагетс од 121:119 против Сан Антонио спарс.

Популарниот Џокер доминираше во осмата победа по ред на својот тим, иако на крајот со соиграчите стравуваше по последниот шут на Демар Де Розан, кога топката се заврте на обрачот и не влезе во кошот.

Јокиќ во кариерата сега има 81 меч на кој имал 10+ асистенции со што го мина легендарниот Вилт Чембрлен во конкуренција на центри во историјата на НБА лигата.

„Тој е веројатно и најдобриот асистент во лигата и сигурно најдобриот меѓу центрите. Не може никој да го сопре, бидејќи знае се. Кога браните да не погоди, тој знае да асистира на неверојатен начин. Не е себичен, знае како да ги проигра и соиграчите во вистински момент“, изјави Грег Попович, легендарнит тренер на Спарс.

Денвер предводен од Јокиќ ја има најдолгата серија победи во моментов во НБА лигата, а интересно е што Арон Гордон се уште нема пораз, откако од Орландо им се приклучи на Јокиќ и соиграчите кај Нагетс.

 

- Оглас -

Најнови вести