Никола Јокиќ стигна до шестиот трипл-дабл во јануари 2019 година

Денвер нагетс славеше на гостувањето кај Њу Орлеанс со 105:99 во меч на кој повторно блесна Никола Јокиќ. Србинот беше незадржлив и оствари трипл-дабл, постигнувајќи 20 поени, 13 скокови и 10 асистенции, а имаше и три украдени топки и две блокади.

Јокиќ ја презеде одговорноста да го решава мечот, па во последните 80 секунди погоди двапати. Најпрво даде кош за 102:99, а потоа беше прецизен и за зголемување на водството на пет разлика и веќе беше јасно дека гостите ќе слават. За Денвер ова беше 35-та победа во 50 меча, што е најдобар биланс на клубот во историјата во овој дел од сезоната.

Центарот од Србија одигра одличен месец. Само во јануари ова беше негов шести трипл-дабл, вкупно осми во сезоната, а 24-ти во кариерата.

https://youtu.be/cO-OvdxPe3o

Резултати: Бостон – Шарлот 126:94, Мајами – Чикаго 89:105, Њујорк – Далас 90:114, Минесота – Мемфис 99:97, Њу Орлеанс – Денвер 99:105, Вашингтон – Индијана 107:89, Сакраменто – Атланта 135:113, Портланд – Јута 132:105.

 

- Оглас -

Најнови вести