22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Никола Јокиќ влезе во историјата на Олимписките игри

Никола Јокиќ ја предводеше Србија до бронзениот медал на Олимписките игри во Париз.

Со ефект од 19 поени, 12 скокови и 11 асистенции, тој стана само четвртиот играч кој постигнал трипл-дабл на Олимписките игри.

Во историјата на Олимписките игри, трипл-дабл оствариле Александар Белов во 1976 година, Леброн Џејмс во 2012 и 2024 година, Лука Дончиќ во 2020 година и Никола Јокиќ во мечот за бронзата.

Но, тоа не е сè. Јокиќ во овој момент е најдобар во сите клучни параметри на Игрите во Париз, со најмногу постигнати поени, скокови, асистенции и украдени топки.

Србија беше на прагот на сензација во полуфиналето против селекцијата на САД, имаа водство во најголемиот тек од натпреварот, но на крајот сепак не успеаја го победат американскиот дрим тим.

- Оглас -

Најнови вести