Николај со ремек-дело се пријави за наградата „Пушкаш“, ножичките се уметност во фудбалот (Видео)

Николај Солберг постигна фантастичен гол со ножички со кој ќе конкурира за престижната награда „Пушкаш“ што се доделува за најубав погодок во сезоната.

Напаѓачот на норвешкиот второлигаш Фредрикштад сам си направи позиција и со атрактивен удар преку себе од 15-на метри го погоди голот на Брине.

Фредрикштад победи со 3:1, а голот на 30-годишниот Николај Солберг долго ќе се памети.

 

- Оглас -

Најнови вести