Николо имаше многу среќа, моторот се скрши како играчка (Видео)

Италијанецот Николо Канепа возеше денеска на патеката во Херез и заврши на 13. место, откако вчера имаше страотен пад, кој за среќа заврши без последици за него.

Моторот и буквално се распадна на песокот покрај патеката, а еден дел од каросеријата удри во Канепа, но не го повреди.

Денеска во Херез ќе се вози првата трка сезонава во Мото ГП, а почнува во 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести