Николов го стави потписот во новиот клуб

Македонскиот фудбалски интернационалец Бобан Николов најде нов клуб. Играчот од средниот ред и официјално е нов играч на Кишварда, кој се натпреварува во унгарското првенство.

Со овој потпис, Николов всушност се враќа во унгарскиот фудбал бидејќи од 2018 до 2021 година играше за МОЛ Фехервер.

“Возбуден сум што се враќа во лигата каде што играв и порано. Би сакал да можам да играм на исто ниво и во Кишварда како што играв во МОЛ Фехервар. Ќе дадам се од себе да му помогнам на мојот нов тим да дојдедо што подобри резултати“ посочи Николов.

По шест одиграни кола во унгарското првенство, екипата на Кишварда е на 10 место од 12 екипи. Овој тим има само една победа, едно реми и четири порази и со само четири бода е во долниот дел од табелта, меѓу екипите кои очигледно ќе треба да се борат за опстанок сезонава.

- Оглас -

Најнови вести