Николов го води МОЛ Фехервар кон Лигата на Европа

Бобан Николов го води МОЛ Фехервар кон Лигата на Европа, а со голот на македонскиот репрезентативец унгарскиот тим се пласираше во полуфиналето од квалификациите за настап во второто по квалитет клупско натпреварување на Стариот Континент.

Николов погоди во 61-вата минута на гостувањето на Малта против Хибернијанс, доволно за победа од 1:0 и пласман во претпоследната рунда пред настап во Лигата на Европа.

По подолг период и Николов и Висар Муслиу беа стартери за МОЛ Види, екипа која го чека ривалот во следната нокаут рунда.

Победникот од мечот меѓу швајцарски Сервет и Ремс од Франција ќе му биде противник на МОЛ Види во полуфиналето од квалификацискиот филтер за пласман во фазата по групи во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести