Николов ќе биде четвртиот Македонец во Серија А?

Бобан Николов може да биде четвртиот македонски фудбалер кој би заиграл во новата сезона во Серија А откако новиот прволигаш Салернитана покажа интерес за нашиот репрезентативец.

Николов е слободен играч откако му заврши соработката со Лече, а по својот настап со Рисовите на Европското првенство, ги разгледува опциите каде би било најдобро да ја продолжи кариерата. На повратникот во Калчото по 23 години пауза, потребно му е засилување во средниот ред, а Бобан може да го понуди токму тоа, кој пак добро се снаоѓа и на десната бековска позиција доколку е потребно.

Во случај да дојде до договор, Николов би им се приклучил на Елмас (Наполи), Несторовски (Удинезе) и Пандев (Џенова, се чека обнова на договорот) во највисокиот ранг на фудбалското натпреварување на Чизмата.

Пред Лече, Николов ги бранеше боите на МОЛ Фехервар, Вардар и Виторул.

- Оглас -

Најнови вести