Николов се повреди, ќе го пропушти стартот на пролетниот дел во Унгарија

Бобан Николов се повреди во незгоден момент и нема да игра на првиот меч од пролетниот дел за МОЛ Фехервар против Хонвед.

„Се повредив во незгоден момент, но се надевам дека брзо ќе се вратам на теренот“, вели Николов. Нашиот репрезентативец сигурно нема да настапи во сабота против Хонвед, што ќе биде хендикеп за МОЛ, екипа што има шампионски амбиции.

Image result for boban nikolov

Тимот на Николов, за којшто игра и Висар Муслиу, е на второто место по 16 одиграни натпревари и има четири бода помалку од лидерот Ференцварош.

Николов е член на МОЛ Фехервар од 2018 година и е стандарден првотимец.

- Оглас -

Најнови вести