Николов стартер, Македонија ќе напаѓа во калчо-стил со Пандев и Несторовски

Бобан Николов е стартер на местото на Елиф Елмас и тоа е единствената измена од очекуваниот состав на Македонија против Летонците за вечерашниот прв квалификациски меч за настап на ЕП 2020 година.

Македонија ќе напаѓа во стандардната формација со триото „Италијанци“, Илија Несторовски, Горан Пандев и Александар Трајковски. Во формација 4-4-2 ќе се обидеме да ја победиме Летонија за сефте бодови во групата Г.

Состави:

Македонија – Димитриевски – Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски – Трајковски, Барди, Николов, Хасани – Пандев – Несторовски.

Летонија – Ванис – Габовс, Дубра, Ос, Максименко – Тарасовс, Исајевс, Циганкис, Ракелс – Карасаускас, Сабала.

- Оглас -

Најнови вести