„Нинџа-желките“ немаат конкуренција во Серија А, но вечерва имаа ли и помош од судиите? (Видео)

Незапирливиот Интер ја победи Џенова со 2-1 и својата предност во однос на второпласираниот Јувентус ја зголеми на огромни 15 бода разлика.

Вечерва во Милано домашната екипа, која играше со нинџа-желките на предната страна на дресовите, по првото полувреме водеше со 2-0, а стрелци беа Кристјан Аслани и Алексис Санчес од пенал.

За Албанецот Аслани ова е прв гол во дресот на Интер, додека Чилеанецот сезонава првпат погоди. Пеналот за Интер беше сомнителен и предизвика бројни коментари, многумина не се согласуваат со одлуката на судијата дека имало пенал над Николо Барела.

Погледнете ја ситуацијата и сами проценете дали ова требаше да биде пенал:

https://twitter.com/i/status/1764749816322474236

- Оглас -

Најнови вести