„Нинџата“ сам ја победи Фиорентина – асистираше, даде голчиште, доби овации (Видео)

Калјари ја совлада Фиорентина со 5-2 во меч од италијанската Серија А, а белгискиот интернационалец Раџа Наинголан го одигра можеби и својот најдобар натпревар во кариерата.

Шоуто на популарниот Нинџа почна во 17-та минута, кога му асистираше на Хрватот Рог за 1-0. Во 34-та и 54-та минута намести уште два гола, а на крај, во 65-та минута реши и самиот да постигне еден гол како круна на неговата маестрална игра, и тоа го стори на феноменален начин. Во финишот, „виолетовите“ со два гола ја ублажија катастрофата која им се слушуваше во првиот час игра.

Погледнете го голот после кој Наинголан излезе од игра и доби овации од публиката на „Сардења арена“ во најголемиот град на островот Сардинија:

https://twitter.com/i/status/1193513541824897027

- Оглас -

Најнови вести