Нишикори се предаде, Ѓоковиќ во полуфинале

Новак Ѓоковиќ е последниот тенисер кој обезбеди место меѓу четворицата најдобри на Отвореното првенство на Австралија откако неговиот противник Кеј Нишикори поради повреда го предаде мечот. Србинот имаше водство од еден сет и 4-1 во вториот, кога јапонскиот тенисер одлучи дека не може да го продолжи мечот.

Нишикори побара и медицински тајмаут по крајот на првиот сет, кој го загуби со убедливи 6-1, а бидејќи не ги санираше болките во бутниот мускул, тој одлучи дека не може да продолжи со пресметката.

Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со Лук Пуј, кој претходно го елиминираше Милош Раониќ со 3-1 во сетови. Другото полуфинале ќе се игра меѓу Рафаел Надал и Стефанос Циципас, меч кој е закажан за утре, во 09:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести