Ништо не се сменило во Ф1: Хамилтон ја освои пол позицијата во Мелбурн

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон покажа дека е подготвен за одбрана на титулата, иако новата сезона сега започнува. Британскиот возач беше одличен на утринските квалификации кои се возеа во Мелбурн, на трката за големата награда на Австралија. Хамилтон имаше најдобро време и утре ќе стартува од пол пизицијата, на првата трка во новата сезона.

Зад Хамилтон ќе биде неговиот колега Валтери Ботас, што покажува дека тимот на Мерцедес е подготвен за нова доминација и оваа сезона. Од третото место ќе стартува Себастијан Фетел со Ферари. Германецот имаше речиси една секунда заостанување зад Хамилтон. Макс Верстапен ќе биде на четвртото место на стартната рамнина, а новиот возач на Ферари, Ле Клер ќе стартува како петти.

Меѓу најбрзите 10 се најдоа уште и Грожан, Магнусен, Норис, Раиконен и Перез.

 

- Оглас -

Најнови вести