Ништо ново во Реал: Азар пак се повреди

Еден Азар нема да биде во составот на Реал Мадрид за дуелот против Реал Сосиедад во првиот меч на Кралскиот клуб од новата сезона во Примера дивисион. Белгискиот репрезентативец се повредил додека беше под специфичен начин на тренинг, преку кој требаше да ја врати потребната физичка форма.

Многумина го критикуваа Азар дека е подебел од тоа што треба да биде и дека токму тоа е причината што не може да се врати во посакуваниот ритам и да биде во формата во која играше неколку сезони во Челзи.

Откако минатото лето пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, Азар често е повреден и неподготвен за игра. Во првата сезона за Кралевите одигра само 16 средби во првенството. Ако се гледа по стартот на оваа сезона, кога нема да биде во составот, може да очекуваме и сега Азар повеќе да паузира отколку да е на теренот.

- Оглас -

Најнови вести