Ништо од Хајдук: Ракитиќ одлучи да ја продолжи кариерата надвор од Европа

Иако хрватските медиуми со деновиве најавуваа дека Иван Ракитиќ во кариерата ќе направи сензационален трансфер и ќе го засили сплитскиот Хајдук, сепак нема ништо од тоа. Легендата на Севиља одлучи да се пресели во Саудиска Арабија и да потпише за екипата на Ал-Шабаб.

Хрватот е роден во Швајцарија, а освен за Севиља, настапуваше за Базел, Шалке и Барселона. За репрезентацијата на Хрватска одигра 106 натпревари на кои постигна 15 погодоци. Со оглед на тоа дека не е роден во Хрватска, никогаш нема настапувано за хрватски клуб, но останува отворена можноста по Ал-Шабаб за првпат да заигра за клуб од татковината.

Деталите околу трансферот не се објавени. Не е познато дали Севиља добила обесштетување за Ракитиќ, со оглед на тоа дека тој имаше договор до крајот на тековнава сезона, а неговата моментална вредност е четири милиони евра. Не се откриваат детали ниту околу платата што ќе ја добива фудбалерот.

- Оглас -

Најнови вести