Ништо од Кавани во Салернитана, но Уругваецот можеби сепак ќе се врати во Серија А

Нема ништо од сонот на Салернитана во своите редови да го привлече Единсон Кавани, тоа го потврди спортскиот директор на клубот од Салерно, Валтер Сабатини.

Според Сабатини, пречка е големата плата на Уругваецот, и не сакаат да ги залажуваат своте навивачи дека може да го купат напаѓачот на Манчестер јунајтед.

Кавани кој има 35 години, си оди од Јунајтед, а иако нема да прејде во Салернитана, можеби сепак ќе се врати во италијанската Серија А. Интерес за него има од Фиорентина, која бара замена за Полјакот Пјонтек, но и за нив Кавани е прескап, па ќе треба да се најде начин како да се реши проблемот.

- Оглас -

Најнови вести