Ништо од Реал, Алегри дефинитивно се враќа во Јувентус

Максимилијано Алегри се враќа на кормилото на Јувентус две години по разделбата со клубот со кој освои вкупно 11 трофеи. Италијанските медиуми го потврдија враќањето на Алегри кој беше блиску до клупата на Реал Мадрид, но Бјанконерите завршија голема работа со поконкретна понуда.

Италијанскиот стратег ќе заработува 9 милиони евра по сезона, а останува само да се најде заеднички јавик околу должината на договорот, дали ќе биде три или четири години.

Со враќањето на Алегри, Јувентус го ослободува неискусниот Андреа Пирло по само една сезона откако екипата претрпе неуспех во Серија А и Лигата на шампионите, а пласманот во Европа и освојувањето на домашниот Куп не го спасија Пирло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести