Ниту еден тим во плејофот на Лигата на Европа не даде повеќе од три гола (Видео)

Партизан, бодрен од околу 5.000 деца, се избори за триумф од 2-1 против норвешкиот Молде во плејофот за влез во групите од Лигата на Европа. Белградскиот тим прими гол по еден шут, по кој топката се одби од двете стативи, пред да влезе во голот. Но, „црно-белите“ брзо изедначија, а во финишот преку Зоран Тошиќ, кој круниса прекрасна акција, се изборија за минимална победа. Партизан е казнет да игра без публика, но на трибините имаше околу 5.000 деца до 15 години, па малите фудбалерчиња на трибините се радуваа на победата.

ПАОК, кој можеше да влезе во битка и за место во ЛШ, сега ќе стравува и дали ќе игра во ЛЕ. Солунските „црно-бели“ загубија од Слован во Братислава со 0-1 и на реваншот ќе мора да се помачат против цврстата одбрана на словачкиот клуб. Слован победничкиот гол го даде во судиското продолжение.

Еспањол со пресврт ја совлада Зорја со 3-1, иако Украинците на полувреме водеа со 1-0. Вулверхемптон со победата од 3-2 на гостувањето кај Торино покажа дека е квалитетен тим кој ќе има што да каже во текот на сезоната во ЛЕ доколку влезе во групите. Денеска се играа 21 меч во квалификациите за Л, и ниту еден од 42-та тима не успеа да даде повеќе од три погодоци.

Погледнете го победничкиот гол на Партизан и акцијата како од учебниците:

- Оглас -

Најнови вести