Ниту магија нема да му помогне на Орландо во Лос Анџелес

ЛА лејкерс – Орландо меџик (04:30ч)

Орландо лани ги изненади Езерџиите со минималната победа и одличното издание на Никола Вучевиќ. Така Магичните ставија крај на низата порази во Ел – еј, но во овој меч ќе им треба многу повеќе од магија за повторно да изненадат во „Стејплс центарот“. Лејкерси моментално се во залет и многу лесно може да ја остварат 10-тата победа во низа.

Иако нема да игра еден од клучните играчи во ростерот на Вогел, Ентони Дејвис, домаќините секако ќе се потпрат на Леброн Џејмс, но тука е и Кузма кој сè почесто ја користи шансата да блесне. Со евентуален триумф Лејкерс ќе оствари двојна победа над Орландо за оваа сезона.

Предлог тип: 1 & >212,5 поени (2.25)

 

Бостон селтикс – Детроит пистонс (01ч)

Со победите над Њу Орлеанс и Чикаго, Келтите ја надминаа кризата и повторно се во претпознатлива форма. Ноќеска во „ТД гарден“ гостува Детроит, а Бостон треба да го искористи домашниот терен и да влезе во победничка серија. Ако се гледаат минатите меѓусебни средби, тимот кој го предводи Бред Стивенс би требало лесно да дојде до нов позитивен резултат, бидејќи Пистонс се радуваа само еднаш во последните пет гостувања во Масачусетс.

Детроит има минимални шанси за изненадување бидејќи формата им е далеку од идеална, односно речиси никакви шанси ако се знае дека Белјк Грифин е во аут и нема да игра уште долго време.

Предлог тип: 1 хен -9,5 поени (1.83)

 

Мајами хит – Сан Антонио спарс (01:30ч)

„Жешка“ кошарка се игра на Флорида, Мајами е тимот кој пријатно ја изненади целата лига оваа сезона. Голема заслуга за тоа има тренерот Ерик Сполстра, но и нивната нова ѕвезда Џими Батлер која одлично се снаоѓа во улога на лидер. Мајами речиси сигурно ќе игра во плејофот иако е рано да се зборува за тоа, со Бостон водат битка за второто место на Истокот, а по 39 меча имаат ист број на победи (27).

Сан Антонио пак, ќе се мачи до самиот крај на регуларниот дел за да избори разигрувања. Тимот е во процес на промени, меѓутоа искусниот стратег Грег Попович сигурно има уште некој трик во ракавот. Ако некој знае да победи фаворит, тоа е популарниот Поуп.

Спарси последен пат на Флорида славеа на отворањето во сезоната 2017/18, од тогаш загубија двапати во „Американ ерлајнс арената“.

Предлог тип: >219,5 поени (1.82)

 

Оклахома сити тандер – Торонто репторс (02ч)

Торонто ќе бара триумф во „Чесапик арената“ со цел да го одржи чекорот со останатите водечки екипи од Истокот. Но, Оклахома е место каде што тешко се доаѓа до триумф, а Тандерси држат биланс од 13-7 пред свои навивачи.

Овие две екипи по вторпат ќе се сретнат сезонава, Оклахома го изненади шампионот во првиот дуел со минималниот триумф на гости од 98:97. Токму затоа Рептилите сакаат да се реваншираат и воедно да го пребродат поразот од Сан Антонио пред две ноќи.

Предлог тип: Т1 & T2 >102,5 поени (2.15)

 

Хјустон рокитс – Портланд трејлблејзерс (03:30ч)

Тешко дека Портланд ќе игра во плејофот ако продолжи да игра „топло-ладно“. Едвај го надиграа тимот на Шарлот, а ноќеска ќе треба да се игра на високо ниво за да се победат Ракетите предводени од неприкосновениот Џејмс Харден. Хјустон сезонава покажа моќ против Блејзерси во триумфот од 132:108, меч во кој Харден блескаше, а постигна за него просечни 36 поени.

Тексашката франшиза е без пораз на домашен терен во последните пет меча, додека Портланд има негативен скор на гости од 8-14, што значи дека Хјустон има многу поголеми шанси за победа ноќеска.

Предлог тип: 1 хен -6,5 поени (1.68)

- Оглас -

Најнови вести