Ниту снегот не го спречува Федерер да вежба (видео)

Коронавирусот буквално го смести целиот свет дома. Како што е веќе познато, спортот не ја избегна пандемијата, поради која сè е во застој. Нема мечеви, нема натпреварувања во овој кризен период, но спортистите имаат задача да ја одржат физичката форма и да бидат подготвени за евентуално враќање на терените.

Еден од најпознатите спортисти кој се грижи за формата е Роџер Федерер. Тенискиот виртуоз се наоѓа во Швајцарија, каде што закрепнува по операцијата на коленото, но сепак мора да вежба. Снегот дефинитивно не е пречка за Федерер да тренира, а воедно покажа дека не ги заборал триковите кои се прават со рекет и тениско топче.

- Оглас -

Најнови вести