Низок удар на Симонс, помина без казна (видео)

Филаделфија го доби третиот дуел против Торонто со убедливи 116:95 и дојде до водство од 2-1 во полуфиналната серија од Истокот. Сиксерс заслужено славеа на домашен терен, беа доминанти во секој поглед, но можеа да останат без еден од носителите на екипата.

Имено, Бен Симонс избегна казна за неспортскиот потег кој го направи при една турканица со Кајл Лаури. Кошаркарот на Филаделфија се најде на земјата во обид да направи скок, падна веднаш до Лаури, па без размислување со лакотот го удри плејмејкерот на Торонто во меѓуножјето.

За негова среќа, судиите не го видоа делото на Симонс и помина без казна, а за ваков потег се добива најмалку техничка грешка.

- Оглас -

Најнови вести