Ноќ на евроголови во МЛС-лигата (видео)

Карлос Вела константно докажува зошто е една од најголемите ѕвезди во МЛС лигата, па ноќеска оствари нова мајсторија вредна за три бода во корист на неговиот Лос Анџелес. Домаќините триумфираа со 2-1 против Реал Солт лејк благодарение на победничкиот гол на ексиграчот на Арсенал во 79-тата минута.

Вела со одличен прием на гради ја спушти нафрлената топка и од мртов агол испрати проектил под гредата на противничкиот голман, кој немаше шанси да интервенира.

https://streamable.com/pyttwf

Конкуренција за гол на колото на Вела му прави напаѓачот на Нешвил, Хани Мухтар, кој со фанстастичен слободен удар комплетираше хет-трик за само шест минути. Од 10-тата до 16-тата минута Мухтар на трипати ја тресеше мрежата на Чикаго фајр, најавувајќи го големиот триумф од 5-1 на Нешвил.

- Оглас -

Најнови вести