Ноќ на гостите во НБА, порази за Денвер и Голден стејт

Изминатава ноќ во НБА се одиграа девет натпревари, на кои гостите остварија дури седум победи.

Од фаворитите, „киксна“ Голден стејт вориорс, којшто неочекувано со 108:110 загуби од домашен терен од Сан Антонио спарс.

Сепак, ако се земе податокот дека Стеф Кари не беше на теренот, тогаш овој пораз до некаде не изненадува, а најефикасен кошаркар на теренот беше Џордан Пол со 28 уфрлени поени.

Никола Јокиќ и Деневер пред своите навивачи се поразени убедливо од Бостон селтикс со 124:104. Џејлен Браун и Џејсон Татум беа најефикасни и двајцата уфрлија точно по 30 поени.

Српскиот ас, пак, постигна 23 коша, а имаше и четири скока и осум асистенции.

НБА

Хјустон рокетс – Мемфисгризлис 98:122

Индијана пејсерс – Портланд трејлблејзерс 129:98

Атланта хокс – Њу Орленс пеликанс 112:117

Орландо меџик – ОКлахома сити тандер 90:85

Сакраменто кингс – Феникс санс 124:127

Њујорк никс – Јута џез 93:108

Денвер нагетс – Бостон селтикс 104:124

Голден Стејт ворирорс – Сан Антонио спарс 108:110

Филаделфија 76-ерс – Торонто репторс 88:93

- Оглас -

Најнови вести