Нокаут и за Дортмунд во Германскиот куп

Вердер Бремен приреди изненадување елиминирајќи го фаворизираниот Дортмунд со конечни 3-2 во осминафиналето од Купот на Германија.

Селке и Битенкурт по половина час игра стрелаа за двојна предност на домаќините, а само што Халанд успеа да намали на 2-1 во 67-мата минута, Вердер постигна уште еден гол преку Рашица само три минути подоцна, со кој го потврди пласманот во четврт-финалето. На десетина минути пред крајот, Рејна намали на 3-2, но гостите не стигнаа до израмнувачки погодок во драматичната завршница.

Претходно елиминација претрпе и Лајпциг, минатогодишниот финалист загуби со 1-3 на гости кај Ајнтрахт.

https://twitter.com/amazinggoals3/status/1224804475849920513

 

- Оглас -

Најнови вести