Нокаут на годината со нога в лице – и тоа од девојка (Видео)

Французинката Жад Жоран која има 19 години, на своето кикбоксерско деби на Белатор КБ 12 во Милано, ја нокаутираше својата противничка со спектакуларен нокаут, и тоа со удар со нога.

Ветеранката (има 37 години) Силвија Дела Ноте беше испратена на под на почетокот на втората рунда. До пред поразот од Жоран, Дела Ноте имаше 66 победи и 17 порази.

Според фотографиите кои Жоран ги објавува на социјалните мрежи, може да се види дека таа е симпатична девојка, за која ниту на крај на памет не би помислиле дека е опасна и оти може да ве нокаутира со удар со нога.

- Оглас -

Најнови вести