Нокаут за Реал, а „Ел Класико“ не е ни почнато – Бензема не игра против Барселона

Тежок удар претрпе лидерот во Шпанија, Реал Мадрид и утре од 21 часот речиси сигурно ќе игра против Барселона без Карим Бензема.

Бензема е повреден и Шпанците веќе објавија дека речиси сигурно нема да биде на теренот на „Сантијаго Бернабеу“ во новото „Ел Класико“ против вечниот ривал Барелона од 21 часот.

Францускиот репрезентативец игра во топ-форма и е убедливо најдобар стрелец во Ла Лига со 22 гола, дури 8 повеќе од соиграчот Винисиус јуниор и Унаи од Хетафе.

Сезонава постигна вкупно 32 гола и си го израмни личниот рекорд од сезоната 2011/12 кога вкупно постигна ист број на голови, па сега има шанса за рекорд, но и голем проблем со повреда непосредно пред вечното дерби на Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести