Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев го играат вториот сет од финалето на Отвореното првенство на САД, а фаворизираниот Србин моментно е во подредена ситуација. Ѓоковиќ ја имаше фаворитската улога пред мечот, но Медведев уште во првиот гем на мечот направи брејк и успеа да го добие првиот сет со 6:4.
Во вториот сет Русинот продолжи со силно темпо и повторно направи брејк за водство од 4:2. Ѓоковиќ, кој се обидува да ги комплетира сите четири гренслем-турнири во една календарска година, почна да ги губи нервите. Во еден момент Србинот нервозен сакаше да го удри силно топчето, но во последен момент застана, присетувајќи се како еден негов непромислен потег минатата година го исфрли од турнирот. Потоа нервозен го искрши рекетот.
https://twitter.com/i/status/1437166682456395779
На Ѓоковиќ ќе му треба да направи уште едно чудо ако сака да се врати во мечот и да стигне до титулата.
https://twitter.com/i/status/1437164517956407299