Ноле не ни сонувал дека може да има ваков кошмарен ден

Новак Ѓоковиќ и Нина Стојановиќ загубија со 2:0 во сетови (7:6, 7:5) од руската двојка Арсенал Карашев и Јелена Веснина во полуфиналето на олимпискиот тениски турнир. Руската двојка се и први фаворити за златото, а тоа го потврдија и со елиминацијата на Србите, каде што главен адут им беше Ѓоковиќ.

За Ѓоковиќ ова беше втор пораз денеска. Ноле прво доживеа шок во полуфиналето од машка конкуренција, кога со 2:1 во сетови загуби од Александер Зверев и остана без шанси да се бори за златниот медал. Сега Ѓоковиќ испушти и финале во мешани двојки, па на следните два меча во Токио ќе се бори за освојување на две бронзени медали.

- Оглас -

Најнови вести