Макс Ферстапен дојде до својата петта победа оваа сезона, откако победи на трката за ГН на Емилија-Ромања во Имола. Сепак, победата на холандскиот возач не беше така лесна како што се очекуваши, бидејќи Ландо Норис силно притискаше и беше на прагот од сензација, но на крајот заврши како втор со 0.7 секунди заостанување.
Возачот на Ред бул од првиот круг беше во водство, но британскиот возач во финишот беше фантастичен, но недоволно за победа во Имола. Подиумот го комплетираше возачот на Ферари, Чарлс Леклер.
WHAT A FINISH!! 🤯
MAX VERSTAPPEN HOLDS ON TO WIN IN IMOLA – JUST!! 👏👏#F1 #ImolaGP pic.twitter.com/dOoyFfcqcE
— Formula 1 (@F1) May 19, 2024
Во поени завршија и Пиастри, Саинц, Хамилтон, Расел, Перес, Строл и Цунода.