Нормално дека ќе победат, шутнаа три пенали за 18 минути

Фенербахче го победи Газијантеп со 5-0 во меч на кој клубот од Истанбул изведе три пенали, и тоа сите во првите 24 минути од средбата, а ако се знае дека првиот беше во шестата, излегува дека главниот судија Кардешлер само за 18 минути на домашните им даде дури три пенали.

Мојзес погоди од белата точка во шестата минута, а седум минути подоцна не реализираше, па во 24-тата минута, кога се досуди третиот пенал за Фенер, шутираше ветеранот Емре Белозоглу и погоди за 3-0, откако претходно Муричи стрелаше за 2-0.

Овој убедлив триумф од пет гола разлика придонесе Фенербахче да го преземе првото место по првото коло во турската лига и најавува дека нема да дозволи да му се случи киксот од минатата сезона, кога во најголем дел беше поблиску до испаѓање отколку до место во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести