Норвешка 15 години немала тим во групната фаза од ЛШ, секој шести жител на Бодо вечер ќе биде на стадион

Норвешкиот град Бодо има 52.000 жители, а стадионот на клубот Бодо/Глимт е со капацитет од 8.270 седишта, што условно кажано, според просекот може да значи дека вечерва на натпреварот со Динамо Загреб, секој шести жител на градот ќе биде на трибините кои ќе бидат исполнети до последно место.

Бодо/Глимт може да стане првиот норвешки клуб по Розенборг од 2007 година кој влегол во групната фаза во ЛШ. Мечот со Динамо е историски за Бодо, вештачката трева треба да им биде мала предност против Хрватите.

Многумина тука на Балканот мислат дека Динамо сигурно ќе оди понатаму, но Бодо е опасен тим, а и според квотите во Sport Life, на вечерашниот меч квотите го фаворизираат домаќинот.

- Оглас -

Најнови вести