Норвешка за 30 минути ја прегази Шпанија и се најде во финалето на СП

Норвешка ќе биде противникот на Франција во финалето на Светското првенство во ракомет за жени.

Вечерва во Гранољерс, Норвежанките ја поразија домашната Шпанија со 27-21, откако по првото полувреме резултатот беше нерешен 11-11. Во вторите 30 минути, Норвешка ја покажа својата сила и на Шпанките им го нанесе првиот пораз на ова СП.

Црвената фурија ќе игра против Данска во борба за бронзата.

Нора Морк со 8 гола од 10 шута беше најефикасна Норвежанка во полуфиналето, додека Кари Братсет Дале даде 7 гола од 7 шута.

- Оглас -

Најнови вести