Норвежаните преку песна се заканија: Халанд од Србите ќе направи салата од зелка (Видео)

Норвежаните се острат за мечот со Србија на 8 октомври, дуел кој е важен за двете селекции бидејќи победникот оди во финалето на баражот за пласман на Европското првенство во фудбал кое се игра следната година. Мотивацијата е на највисоко ниво, а увертира за мечот со хевиметал песна направи некогашниот фудбалер, а денеска водител и комичар, Бернт Хулскер.

Сакајќи да ги мотивира Халанд и другарите пред мечот за една недела во Осло, тој сними песна која се вика „Лига на нации“ и во која има провокативен текст. Една од највпечатливите пораки е дека Халанд ќе ги исецка Србите и од нив ќе направи салата од зелка. Хулскер и во минатото има испеано ваков сличен „хит“, посветен на еден меч со Унгарија, но и тогаш претера, па им се извини на вработените во унгарската амбасада во Норвешка.

- Оглас -

Најнови вести