Норвежаните со луд спот најавија пат на ЕП – Халанд ќе ги направи купус Србите (Видео)

Халанд ќе ги направи купус Србите, е дел од реченицата во рокенрол спотот што го сними познатиот норвешки комичар Бернт Хулскер како најава за мечот во Осло во полуфиналето во Ц сегментот од Лигата на Нации, што ќе одлучи која репрезентација, Норвешка, или Србија ќе стаса на чекор до пласман на ЕП идната година.

Хулскер со помош на норвешките фудбалски ѕвезди Халанд, Одегард и останатите кои учествуваат во спотот најавува сигурна победа на својата репрезентација, против гостите од Србија.

Сепак малку звучи и преоптимистички дека Халанд ќе ги здроби Србите како купус, бидејќи популарните Орли имаат искусен состав со прекалени интернационалци и многу звучни и познати фудбалски имиња.

Мечот ќе се игра на „Улевал“ во Осло на 8. октомври од 20.45 часот. Победникот од овој дуел ќе игра финале со подобриот од натпреварот меѓу Шкотска и Израел, а шампионот во Ц сегментот ќе обезбеди настап на Европското првенство пролонгирано за идната година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести