Норвич на денот кога ја извојува првата сезонска победа, го отпушти тренерот Фарке!

Норвич вечерва го отпушти тренерот Даниел Фарке, и тоа само неколку часа откако тимот на дуелот со Брентфорд ја извојува првата победа сезонава во англиската Премиерлига. Фаркe четири и пол години беше на чело на стручниот штаб на Канаринците.

Одлуката за разделба е донесена во чуден тајминг, токму на денот на првата победа, иако пологично ќе беше Германецот да заминеше после некој пораз или реми во првите десет кола во кои тимот не знаеше за триумф.

- Оглас -

Најнови вести